Сакеле да го убијат Зеленски уште од првиот ден на војната!? Откриени шокантни детали: Елитната единица на ГРУ го нападнала Киев и имала само 1 задача

Истражувачкиот новинар Христо Грозев тврди дека елитната единица на руската ГРУ се обидела да го ликвидира украинскиот претседател Володимир Зеленски на првиот ден од војната!

Грозев, истражувачот на Belingkat, тврди дека руските разузнавачи Александар Петров и Руслан Боширов пристигнале во Украина пред руската инвазија како дел од елитната група ГРУ од 30 специјални агенти со цел да го убијат претседателот на Украина.

– Дојдоа преку Белорусија за да бидат блиску до Киев. Некои од нив влегоа во Киев и се подготвуваа да го окупираат политичкиот кварт на градот – рече Грозев во интервју за новинарот Михаил Зигар.

Грозев тврди дека групата била лично надгледувана од генералот на ГРУ, Андреј Аверјанов, и дека истите безбедносни сили стојат зад минирањето на складишта за муниција во Чешка и Бугарија пред војната.

– Дел од членовите на групата загинаа додека другите ја напуштија територијата на Украина – вели Грозев.

„Индепендент“ минатата година објави дека Зеленски преживеал повеќе од 12 обиди за атентат од почетокот на војната.

Украинскиот портал ,,Страна” исто така тврди дека еден месец по почетокот на војната, во Ужхород биле приведени саботери кои подготвувале атентат врз претседателот на Украина.