Се огласија Французите по нападот на Нигер: Париз категорично ги отфрла обвинувањата на пучистите!

Француските власти категорично ги отфрлаат обвинувањата на пучистите, кои ја презедоа власта во Нигер, дека го нарушиле воздушниот простор на оваа африканска земја и ги ослободиле терористите, пренесе агенцијата Франс прес, повикувајќи се на извори во француската влада.

Летот во средата наутро, кој, според бунтовниците, го нарушил воздушниот простор на Нигер, бил координиран од армијата на Нигер“, пишува АФП.

Париз, исто така, рече дека француските сили не ослободиле ниту еден терористи, наведува агенцијата.

Претходно бунтовниците, како што јави АФП, ја обвинија Франција за нарушување на воздушниот простор на Нигер.

Според армијата која ја контролира владата во Нигер, француски воен авион утрото полетал од главниот град на Чад – Нџамена – и, влегувајќи во воздушниот простор на Нигер, го прекинал контактот со службата за контрола на летање.

Наводно, авионот повеќе од четири часа бил во воздушниот простор на таа африканска земја.

Нигер го затвори својот воздушен простор на 6 август поради страв од странска интервенција. Покрај тоа, пучистите во Нигер изјавија дека Франција намерно ослободила терористи за да се спротивстави на вооружените сили на земјата.

Според бунтовниците, ослободените терористи учествувале на состанок за подготовка на напад на воени позиции во триграничната зона меѓу Нигер, Буркина Фасо и Мали.