Модрите домати се неправедно запоставени во нашата кујна.
Салата од модар патлиџан, попозната како малиџано салата, е еден од највкусните рецепти на грчката кујна.
Модриот домат, кој многу срамежливо се користи во македонското готвење, седи на тронот во Грција и е одличен во нивната мусака, а доволно е да се послужи со фета и густо маслиново масло.
А оваа салата е доказ колку вкусна може да биде сама по себе со додавање на многу малку едноставни состојки.
Состојки:
- 6 модри патлиџани
- 2 црвени печени пиперки
- 1-2 чешниња лук
- 1 млад кромид, ситно сечкан
- ½ исцеден лимон
- 2 лажици вино или јаболков оцет
- 5 супени лажици маслиново масло
- 1 лажичка сол
- 1 лажица сечкан свеж магдонос
Подготовка:
Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. Во меѓувреме измијте го патлиџанот, исушете го и избоцкајте го со вилушка од сите страни за да се испече рамномерно, околу 40 минути. Додадете две поголеми црвени пиперки да се печат заедно со нив околу 20 минути.
Кога зеленчукот ќе се испече, оставете го да се излади, а со вилушка извадете ја кората и со вилушка отстранете ја меката внатрешност на модриот патлиџан. Излупете ја пиперката. Оставете го зеленчукот во цедалка да се ослободи од сокот. Дополнително притиснете го со рацете за да се исфрли вишокот течност.
Модриот патлиџан и пиперките исечкајте ги ситно и ставете ги во сад. Додадете ситно сечкан лук и останатите состојки – магдонос, млад кромид, маслиново масло, оцет, сок од лимон и сол по желба.
Измешајте и оставете ја салатата во фрижидер да се олади неколку часа, по можност преку ноќ за убаво да се соединат состојките.
Послужете со тост леб и фета сирење.