Египќанецот донесе одлука.
Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах не сака да го напушти клубот од Енфилд Роуд, изјави менаџерот на египетската репрезентација Рами Абас Иса.
– Да размислувавме да го напуштиме Ливерпул оваа година, немаше да го продолжиме договорот минатото лето. Мохамед останува посветен на Ливерпул – објави Иса на социјалните мрежи.
Британските медиуми потсетуваат дека за египетскиот напаѓач бил заинтересиран Ал Итихад. Клубот од Саудиска Арабија наводно му понудил на Салах 51,8 милиони фунти за двегодишен договор. Тој има договор со Ливерпул до јуни 2025 година.
Салах (31) во Ливерпул пристигна во 2017 година од Рома, а за англискиот клуб одигра 305 натпревари и постигна 186 гола во сите натпреварувања. Тој освои седум трофеи со Ливерпул, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2019 година.