Салах ја продолжи серијата на Ливерпул

Ливерпул го победи Брентфорд со 1-0 и ја продолжи победничката низа со која се обидува да стигне до позиција во Лигата на шампионите. „Црвените“ сега се на петтата позиција, со бод помалку од Манчестер Јунајтед, кој има и два одиграни натпревари помалку.

Мохамед Салах беше човек на одлука, откако во 22.минута успеа да го отвори резултатот, по одличната асистенција на Вирџил ван Дајк, кој можеби заврши и поголем дел од работата.