Саливен: Не е соодветно Израел да ја окупира Газа на долг рок

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен денеска нагласи дека не е соодветно Израел да ја окупира Газа на долг рок, бидејќи се зголемуваат шпекулациите за повоената иднина на територијата. 

„Не веруваме дека има смисла Израел, или е во ред за Израел, да ја окупира Газа, повторно да ја окупира Газа на долг рок“, изјави Саливен кој е во посета на Тел Авив. 

Саливен се сретна со израелскиот премиер и министерот за одбрана за време на неговата посета на Тел Авив, при што го пренесе ставот на Белата куќа дека сегашната фаза на војната треба да заврши за две до три недели.

Тој денеска ќе престојува на Западниот Брег каде ќе разговара со палестинските власти. 

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека ќе бидат потребни „повеќе од неколку месеци“ за да се уништи Хамас, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ќе се бори до „апсолутна победа“.