Сали: 320 медицински лица се пријавиле да помагаат во Турција

Министерот за здравство, Беким Сали преку социјалните мрежи информираше дека вкупно 320 здравствени работници се пријавиле доброволно да помагаат по разорниот земјотрес во Турција.

„Ви благодариме за вашиот интерес да помогнете со последиците од земјотресот во Турција. Досега имаме добиено над 320 апликации од различни медицински профили. Ве известуваме дека вашите податоци се примени и сега сте на прелиминарната листа. Кога ќе добиеме потврда од теренот дали и кога ќе бидете вклучени, ќе ве известиме во догледно време со дополнителни информации во врска со патувањето и сместувањето. Уште еднаш, ви благодариме за интересот и поддршката“, објави министерот на својот Фејзбук.