Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја потврди загубата на градот Бахмут во конфликтот со руските сили кога беше прашан дали Киев сè уште го контролира.
„Мислам дека не. Денес Бахмут е само во нашите срца“, рече Зеленски пред средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден во Јапонија.
Тој додаде дека ова е трагедија и дека не остана ништо од Бахмут.
Евгениј Пригожин, шефот на руската приватна воена група „Вагнер“, вчера изјави дека неговите војници ги истуркале Украинците од нивното последно упориште во градот, што Киев подоцна го демантираше.