Само една Ким може да биде кралица на секспилoт, а тоа е таа 

Актерката Ким Катрал, најпозната по улогата на познатата Саманта Џонс во серијата „Сексот и градот“, неодамна позираше за брендот Skims, кој е во сопственост на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Фотографиите од снимањето стигнаа и до социјалните мрежи, а како што можете да видите од приложеното, актерката гордо позираше во црн растеглив комбинезон.

Ким, која неодамна го прослави својот 67 роденден, изгледа неверојатно убаво, а нејзината сексипилност не избледува со годините.

Тоа го забележаа и нејзините многубројни следбеници на социјалните мрежи, а повеќето од нив коментираа дека таа е апсолутно божествена.

„Убава“, „Апсолутно божествена“, „Секогаш величествена“, се само дел од коментарите…