Само неколку часа пред да заврши во болница, Мадона работела на голем таен проект со позната поп-ѕвезда

На Мадона и се слошило додека работела на нов таен музички проект, тврди весникот The Sun

Само неколку часа пред 64-годишната ѕвезда да биде пронајдена во несвест и итно пренесена во болница, таа била во студиото за снимање и работела на нова песна со Кети Пери.

Според добро информиран извор за The Sun, Мадона ја поканила 38-годишната поп икона за да ги здружат силите, а дуетот на Мадона и Кети Пери требало да биде лансиран за прослава на 40 години од музичката кариера на Мадона. Очигледно, Мадона е голем фан на Кети Пери и многу се радувала на нивната заедничка работа.

Daily Mail наведува дека ситуацијата била исклучително сериозна, а семејството на Мадона се подготвувало за најлош можен исход.

Овој шокантен колапс на ѕвездата е всушност аларм за Мадона, која верува дека е неуништлива и премногу често се турка надвор од границите, особено во периоди кога подготвува нови проекти. Така беше и со подготовките за нејзината прославена турнеја, на која работеше повеќе од дванаесет часа дневно. На пробите за турнејата пукаше од среќа, со нетрпение ги очекуваше претстојните концерти кои беа повеќе од осумдесет, а воопшто не беше свесна како овој ентузијазам за работа ќе се одрази на нејзиното здравје“, пишува Daily Mail.

Сега најважно е Мадона да се опорави. Таа се чувствуваше лошо за време на снимањето со Кети Пери, но, како и секогаш, кариерата ја стави пред своето здравје, а овој пат испадна фатална. Сето ова можеше да заврши многу полошо. Што се однесува до проектот на Мадона со Кети Пери, тој засега е ставен во мирување“, открил добро упатен извор за The Sun.

Британските медиуми пишуваат дека Мадона се форсирала бидејќи се уште очајно сака да биде најголема ѕвезда во светот на музиката.