САМО ОВАА ГОДИНА ПРИЈАВЕНИ 565 ВООРУЖЕНИ НАПАДИ ВО САД – Ова е вистински хорор: Еве што вели статистиката за жртвите

Масовното пукање што се случи синоќа во Левистон, Мејн, во кое загинаа најмалку 16 лица, а повеќе од 50 се повредени, е последното во серијата од 565 масовни престрелки пријавени во САД оваа година.

Најмалку 16 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 луѓе се повредени во масовно пукање во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн.

Стотици полицајци го пребаруваат градот Левистон и околните области во Мејн во потрага по напаѓачот кој пукал во ресторан и куглана, оддалечени околу 6,5 километри.

Според архивата за огнено насилство, пукањето во Мејн е 565-то масовно пукање во САД оваа година , пренесува Си-Ен-Ен.

Според истражувањето на невладината организација КФФ, во просек на речиси секој петти возрасен Американец му бил убиен член на семејството со огнено оружје, вклучувајќи убиства и самоубиства.

Приближно исто толку луѓе доживеале закани со пиштол, додека секој шести Американец бил сведок на прострелна рана.

Невладината организација и CNN ги дефинираат масовните престрелки како оние во кои се убиени најмалку четири лица, не вклучувајќи го вооружениот напаѓач.