РИКИ МАРТИН ДОЖИВЕA ЕРЕКЦИЈА СРЕДЕ КОНЦЕРТ?! Кога танчарите на Мадона му замешаа, не знаеше што го снајде, ХИТ СНИМКА

Гостувањето на Рики Мартин на настапот на Мадона во Мајами минатиот викенд сигурно ќе му остане во сеќавање, а доказ за тоа се снимките кои го обиколија светот.

Се чини дека планетарната ѕвезда била возбудена и од оскудно облечените танчери на сцената кои пред него приредија необичен настап.

Концептот на настапот бил таков што танчерите продефилираат околу сцената додека Мадона и познатите судии кои наизменично ги оценуваат, а потоа се случила „експлозијата“.

Додека танчерите танцуваа пред Рики Мартин, фановите се прашуваа дали пејачот во тоа време имал ерекција.

„Чекај малку, Рики Мартин е тоа…“ напиша еден фан покрај клипот од настапот, додека друг додаде: „О, боже, што видов , Рики Мартин како го живее својот најдобар живот и јас сум целосно тука за тоа , Да душо.”

Рики, кој не ги коментираше шпекулациите за возбудата, сподели снимка од шокантниот настап на Инстаграм.

“Ти благодарам, Мадона, љубов моја! Секогаш е забавно да се биде поканет на забава”, напиша тој.

Претходно оваа година, Рики Мартин во „Live With Kelly and Mark“ откри дека првпат ја запознал Мадона во 1999 година по нејзиниот настап на Греми наградите и дека нивното пријателство трае оттогаш.

Рики Мартин, Мадона

„Таа ми даде овации “, се присети пејачот и откри дека Мадона потоа дошла зад сцената за да го запознае.

Двете музички ѕвезди потоа ги здружија силите за вториот дует во кариерата на Мадона за песната „Be Careful“ („Cuidado Con Mi Corazon“).

Виралното видео од наводната ерекција доаѓа по разводот на Рики од Џван Јозеф .

Рики Мартин и неговиот поранешен сопруг објавија дека се разведуваат во јули 2023 година. Во август, Рики рече дека нивната одлука да се разделат не била „неодамнешна“.

Рики Мартин, Џван Јозеф

„Кога јавноста дозна, веќе поминавме низ процесот на тагување“, објасни Мартин за „Телемундо“.

Тие се венчаа во 2017 година и имаат две деца – ќерката Лусија (5) и синот Рено (4).

Рики ги има и близнаците Матео и Валентино (15), кои ги доби како самохран родител во 2008 година преку сурогат мајчинство.