Недостигот од физички вежби е поштетен од пушењето

Сите сме слушнале дека вежбањето ви помага да живеете подолго – но новата студија оди уште подалеку, велејќи дека седечкиот начин на живот е поштетен за вашето здравје од пушењето, дијабетесот и срцевите заболувања.

Др. Ваел Џабер, кардиолог и автор на оваа студија, ги нарече резултатите „многу изненадувачки“.

„Недостигот на физичка кондиција има полоша прогноза од хипертензија, дијагностициран дијабетес или пушач“, изјави Џабер за Си-Ен-Ен.

Џабер вели дека истражувачите сега треба да ги пренесат ризиците на општата популација дека недостатокот на физичка активност треба да се смета за фактор на ризик исто како хипертензијата, дијабетесот и пушењето.

Треба да се третира речиси како болест за која има само еден лек: физички вежби“, рекол Џабер,

Во меѓувреме Др. Џордан Мецл, спортски лекар и автор на книгата: „Лекот за вежбање“ рече дека: „Кардиоваскуларните болести и дијабетесот се најскапите болести во САД. Ние трошиме повеќе од 200 милијарди долари годишно за лекување на овие болести и компликациите што ги предизвикуваат. Наместо да плаќаме огромни суми за лекување на болести, треба да ги охрабруваме пациентите и заедниците да бидат поактивни и да вежбаат секој ден“.

Инаку, вреди да се спомене дека оваа студија е објавена во списанието ‘JAMA Network Open’.