АВСТРАЛИЈА ЗА МОМЕНТ “ПАРАЛИЗИРАНА“ – Десет милиони луѓе на беа оставени без телефони и Интернет: “Ова никогаш не се случило досега…“

Целосниот прекин на вториот по големина мобилен оператор во Австралија – Optus ги парализираше телефонските и интернет конекциите на повеќе од 10 милиони луѓе во средата.

Од раните утрински часови корисниците ширум земјата не можат да телефонираат ниту да пристапат на Интернет, јавуваат австралиските медиуми.

Според извештајот на телевизијата 9News, ова е најголемиот прекин на телекомуникациите во историјата на земјата. Во соопштението издадено од компанијата напладне по локално време, се вели дека најверојатно ќе бидат потребни часови за да се врати мрежата.

Ова е многу невообичаена појава и штом ќе разбереме што точно се случило, ќе ги споделиме деталите“, изјави извршната директорка на OptusКели Баер Розмарин, за радио станицата 2GB во Сиднеј.

Не е јасно што го предизвикало падот на системот, но властите ја отфрлија можноста за сајбер напад.

Интернетот, мобилните услуги и врските со некои владини оддели беа прекинати, вклучително и телефонските врски со болниците и службите за итни случаи.

На својата веб-страница, Optus ги советуваше клиентите кои треба да се јават во службата за итни случаи да најдат член на семејството или сосед на друга мрежа што може да им помогне.

Прекинот на услугата предизвика хаос во мрежите на јавниот транспорт во некои градови и дефект на мобилните системи за плаќање.

Optus е вториот најголем телекомуникациски провајдер во Австралија по Telstra. Компанијата се најде на насловните страници минатата година кога хакери ги украдоа чувствителните податоци на милиони Австралијци во нападот на системот Optus.

Optus подоцна во средата соопшти дека услугите се обновени, пренесува медиумската агенција Reuters.