„САМО СЕ ДА СЕ ОТКРИЕ , ЌЕ ЈА КАЖАМ НАШАТА ПРИКАЗНА“ Таткото на Данка Илиќ: Ова ме погоди, ДЕТЕТО НЕМА ДА ИМ ПРОСТИ

Осомничениот Срѓан Јанковиќ денеска целосно демантираше дека ја убил Данка Илиќ. Откако точно три часа зборувал за грозоморното убиство на дете во Бањско Поље, тој бил вратен во притворското одделение.

– Шокиран сум од она што се случи денеска. Зошто сега чекаше два месеци за да негира се? Се надевам дека оваа агонија ќе заврши што поскоро, не го очекував ова, морам да кажам дека ме погоди а детето нема да им прости – изјави Милош Илиќ, таткото на убиената Данка .

Како што рече, сосема е нечуено осомничениот да демантира се.

Данка Илиќ

– Ја крена цела Србија на нозе, сите чекаа да открие нешто, а тој рече ‘Немам врска со тоа’. Верувам дека можеби нешто знае – вели таткото на девојчето и додава дека поради бројните негативни коментари во јавноста дека неговото семејство е вмешано во ова грозоморно злосторство, морале да се „повлечат од социјалните мрежи“.

– Ги затворивме мрежите, не можеме да ги прочитаме коментарите во кои не обвинуваат. Па кој нормално би му наштетил на своето дете. Само да се разоткрие се, ќе ја отворам вратата од станот и ќе ја раскажам нашата приказна – изјави Милош Илиќ.

На прашањето како тој и неговата сопруга издржуваат сиве овие недели, по убиството на нивната ќерка, со солзи во очите и треперлив глас, тој едвај проговори:

– Засега се држиме поради синот и бебето што го чекаме.

Девојчето Данка Илиќ е убиена на 26 март годинава.

Јанковиќ беше уапсен на 4 април годинава под сомнение дека ја убил Данка заедно со неговиот колега Дејан Драгијевиќ.