„САМО ТАА МОЖЕ ДА ГО РЕШИ СЛУЧАЈОТ СО КЕЈТ МИДЛТОН“ МРЕЖИТЕ ГОРАТ ПОРАДИ ОВАА ФОТОГРАФИЈА! Хаосот на дворот се „прелеа“ на интернет (ФОТО)

Кејт Мидлтон е официјално најспоменуваната личност на X (поранешен Твитер) . Во деновите зад нас, вклучително и денес, принцезата од Велс имаше најмалку 100.000, а најмногу 400.000 твитови на дневна основа . Поголемиот дел од нив се духовити забелешки за кралските заплетки, а останатиот дел е составен од бизарни теории на заговор.

Можевме да слушнеме се за Кејт Мидлтон во последната недела. Од приказните дека Кејт е во кома, дека принцезата починала, дека палатата подметнала двојничка за да се фотографира наместо Мидлтон и списокот може да продолжи и понатаму.

Што е со Твитер овие денови? Главно духовити објави за тоа кој би можел да го реши случајот – Кејт Мидлтон.

„ Они ќе ја најдат Кејт Мидлтон “, е името на твитот со ликовите од серијата „ Убиј ја Ив “, а на фотографијата се детективката Ев Поластри и нејзината шефица Керолин Мартенс.

Корисниците продолжуваат да се потсмеваат на приказната за абдоминална хирургија цитирајќи и лепејќи клипови од филмот „Death Becomes Her“ со Мерил Стрип и Голди Хоун.

„ Јас и моето семејство во групен разговор секое утро за Кејт Мидлтон “ е насловот на твитот со клип од филмот „Хари Потер“.

„ Таа е единствената на која можеме да и веруваме дека ќе го реши случајот со Кејт Мидлтон .

И додека Твитер полудува, се уште се зборува дека необичниот случај на Кејт Мидлтон конечно ќе биде решен.