Само тројца познати кошаркари станаа милијардери, сега тоа му успеа на уште еден великан

Ова го покажува најновото рангирање на најбогатите луѓе во светот на магазинот Форбс

Поранешната НБА ѕвезда Меџик Џонсон (64) официјално стана милијардер, според најновото рангирање на најбогатите луѓе во светот на магазинот Форбс. Имотот на Џонсон се проценува на 1,2 милијарди долари. Меџик Џонсон е четвртиот кошаркар во историјата чие богатство надмина милијарда долари. Ова успеаја да го направат и Мајкл Џордан , трагично загинатиот Коби Брајант и Леброн Џејмс .

Средствата на Џонсон вклучуваат малцински удели во професионални спортски клубови – Лос Анџелес Спаркс (ВНБА), Лос Анџелес Доџерс (МЛБ, бејзбол), Лос Анџелес ФК (Фудбалска лига МЛС) и Вашингтон Командерс (НФЛ). Богатството на Џонсон расте и со удели во Starbucks, Burger King, 24 Hour Fitness и осигурителната компанија EquiTrust.