Сампдорија не го заборава Синиша: Дрес со сликата на Михајловиќ една година по неговата смрт (ФОТО)

Во сабота на 16 декември 2023 година ќе се наврши една година од смртта на легендарниот Синиша Михајловиќ.

Популарниот Миха во текот на кариерата играше за Сампдорија, а клубот од Џенова ќе го одбележи споменот на познатиот Србин на специјална начин.

Сампдорија во сабота од 14 часот ќе гостува кај Реѓијани во 17. коло од Серија Б и ќе игра во специјални дресови со ликот на покојниот Синиша.