Сана Марин официјално повеќе не е во политиката, мистериозна за деталите од нејзината нова работа

Поранешната финска премиерка Сана Марин од денеска и официјално нема да биде дел од финската политичка сцена откако парламентот на седница ја прифати нејзината оставка.Предлогот беше прифатен од мнозинството пратеници, а по одлуката Сана Марин го прослави заминувањето од политиката заедно со останатите од Клубот на пратениците на СДП.

„Процесот во парламентот помина сосема коректно, како што треба, прво на расправата на советот на претседателството на парламентот, а потоа и во салата. Пред мене имам нов почеток и се отворија некои нови врати за мене“, изјави Марин.

Она што е познато е дека Марин кариерата ќе ја продолжи во Институтот Тони Блер со седиште во Лондон, а на медиумите им објаснила со што точно ќе се занимава.

“Во мојата идна позиција, лично ќе ги промовирам прашањата на кои сум работел досега. Тоа се особено човековите права, еднаквоста, климата и новите технологии. Верувам дека и геополитиката е поврзана со оваа работа. Сигурно ќе слушнете повеќе за сите овие задачи во иднина. Во оваа фаза не можам да ви кажам ништо повеќе за тоа, но се ќе се знае со време“, изјавила Марин.

Иако Институтот беше со седиште во Лондон, Марин најави дека треба да остане во Финска.

Се надевам дека во иднина ќе можам да живеам во Финска и тука да плаќам даноци“, заклучи таа.