САНДРА АФРИКА ВО ШЕМА СО ЗАФАТЕН КОШАРКАР?! Тој е шест години помлад од пејачката и e луд по неа

Пријател ги откри деталите за оваа афера?!

Медиумите со години пишуваат за љубовниот живот на Сандра Африка . Се шпекулираше дека била поврзана со музичари, фудбалери и менаџери, а сега се појавија вести дека таа наводно е во романса со зафатен кошаркар кој е шест години помлад од неа. 

Според „Курир“, Сандра е во шема со Никола Милутинов . Деталите за нивната врска ги открил пријател на кого кошаркарот наводно му се доверил:

 Трае околу еден месец. Моментално се во допишување и тајно се гледаат. Ма, Никола одлепи, а и таа. Се согласуваат кога ќе се врати од Мундијалот, Сандра да дојде кај него во Атина. Му пееше сега на прославата во јули, тогаш видовме дека искри летаат. Не можам да ви кажам детали за прославата, но сите видоа какви пораки преку пеењето се упатија, особено честитањето. Оттогаш се во контакт, а тој беше во Црна Гора затоа што таму пее Африка. Можевте да го сликате на настап – рекол пријателот на Никола.

Пријател на познатиот кошаркар истакнува дека на Никола не му пречи разликата во години. 

Не се грижи за годините. Можеби таа лови помлади затоа што е во четвртата деценија, а нему не му пречи што е постара. Сега има волја да игра подобро во првенството затоа што таа го „мотивира“ и многу му се допаѓа. И тој на неа – рекол изворот.

Потсетуваме, Сандра со години беше во врска со својот менаџер  Александар Москољевиќ Микиша . Двајцата останаа во добри односи по разделбата, а пејачката еднаш откри како тоа е можно.

– Затоа што сме нормални. Имаме исти интереси и целта е работата да ја ставиме на прво место и да не трпиме од неа – рече таа.

Пред неколку месеци ја поврзуваа со Александар Влаховиќ , но таа изјави дека тоа не е вистина и дека не преферира фудбалери.

– Не бевме заедно. Го познавам дечкото, но ништо не се случи. Рекоа и дека сум со Лука Јовиќ, дека пратил авион да ме земе, но тоа не е точно. Не го познавам. Не ми е гајле. Фудбалерите мора да бараат пари од мама и тато, а ни оддалеку немаат пари да ги испратат за приватен авион. Тоа е мое искуство, кој сака нека се лути – изјавила таа.