Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила, што се движат со брзина поголема од дозволената. Притоа, санкционирани се 269 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 157 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 112 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, нагласуваат од МВР.
Aпелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.