Брус Вилис снимен во јавноста за прв пат откако беше објавено дека има нова дијагноза (ФОТО)

Холивудскиот актер Брус Вилис (67), првпат бил снимен во јавноста откако неговото семејство открило дека му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција.

На фотографиите кои ги направил „Daily Mail“, Брус Вилис може да го забележиме како шета со двајца пријатели во Санта Моника во Калифорнија. Актерот во таа прилика носел сива капа, син дуксер и црни панталони кои ги искомбинирал со црн часовник.

Забележувањето на холивудскиот актер во јавноста е две седмици откако неговото семејство објавило дека му е дијагностицирана „груба болест“ која може да предизвика забавено движење, вкочанетост, проблеми со рамнотежата и помнењето или проблеми со говорот.

Актерот се повлече од глумата минатата година кога ја започна борбата со афазијата поради која му се влошиле способностите на говорот, па потоа следела споменатата објава на неговото семејство.

Вилис последен пат беше забележан во јавноста кон крајот на јануари кога бил на ручек со пријателите во Лос Анџелес и само неколку седмици пред неговата дијагноза да биде објавена во јавноста.

Оваа дијагноза влијае на мозокот, односно во однесувањето, решавањето проблеми, планирањето и емоциите, во симптомите се вклучени и промена на личноста, опсесивно однесување и тешкотии во говорот.