„Планот за превентивен удар на Путин откриен во сателитски фотографии“, е насловот на главната анализа на американскиот весник The Daily Beast врз основа на сателитски снимки на украинските сили. Видеата, всушност, укажуваат на тоа дека руската армија забрзано гради сериозна мрежа од утврдувања и ровови долж фронтот, што сугерира дека Русија очигледно ја очекува нова рунда силни битки, односно неизбежна голема украинска офанзива.
Разузнавачкиот аналитичар Брејди Африк тврди дека руската армија гради утврдувања долж целиот фронт во Луганск – од руската граница до Доњецк, но и во регионите Запорожје и Херсон. Сателитските снимки, пишува The Daily Beast, укажуваат на можната нервоза на Москва поради можното лансирање на украинска контраофанзива во наредните недели, а можеби дури и дека тие самите подготвуваат (контра)офанзива.
- Русите во основа се обидуваат да ги консолидираат и да ги задржат деловите на Украина кои досега ги освоија. Тие им кажуваат на своите војници кои се борат во Украина дека руската армија има намера да остане таму (трајно) – вели Африк.
Изградба на утврдувања
Вилијам Кортни, поранешен специјален помошник на американскиот претседател за Русија, Украина и Евроазија, вели дека неодамнешната изградба на утврдувања, кои се видливи на споменатите сателитски снимки, може да значи дека руските сили се сериозно загрижени за губење на моќта во неколку украински региони што досега ги окупираа.
- Русите очекуваат контраофанзива и знаат дека Западот на Украинците ќе им обезбеди уште повеќе и уште подобра опрема. Тие знаат дека Западот веќе испрати многу артилериско оружје со кое може да се пробијат нивните утврдувања – вели тој.
Анализата на Институтот за проучување на војната (ISW), исто така, сугерира дека Русија се подготвува да се брани.
- Руските сили очигледно се загрижени за украинското напредување и сакаат да можат да ги обезбедат сите свои линии во случај на украински напад. Типот на утврдувања што ги гледаме укажуваат на одбранбена намера – вели аналитичарот на ISW, Каролина Хирд.
Во текстот понатаму се тврди дека Русија ги користи студените зимски месеци за да се прегрупира, тренира, повторно да се опреми и да се подготви за следните чекори во војната, откако им нанесе низа порази на украинските сили. Западните земји конечно решија да испратат модерни тенкови во Украина, кои би можеле да ја сменат „играта“. Американскиот претседател Џо Бајден во средата објави дека САД ќе испратат тенкови Абрамс, исто како што германската влада најави дека ќе ги испрати своите леопарди и ќе им дозволи на другите земји да испратат тенкови од германско производство во Украина.
Подготовка на офанзивата
Конечно, аналитичарот на ISW вели дека изградбата на утврдувања и акумулацијата на руските сили може да значи и дека самата Русија подготвува голема офанзива.
- Поседувањето на силно утврдени одбранбени линии им овозможува и на руските сили да ги користат тие линии како лансирни рампи за сопствени офанзиви, вели Хирд.
Има и други индикации од Русија дека Кремљ можеби подготвува голем напад оваа година. Според анализата на Украинската главна управа за разузнавање на Министерството за одбрана, рускиот претседател Владимир Путин веќе им наредил на воените команданти до март да го окупираат целиот Донбас.
Белата куќа смета дека руска офанзива е многу можна
- Можете да очекувате Русите да го забрзаат темпото, мора да бидеме подготвени за тоа. Исто така, видовме дека руските сили можеби се подготвуваат за некаков одлучувачки потег во регионот на Луганск, што можеме да го видиме од оваа многу силна одбранбена линија што се протега по целата граница на Луганск, особено на линијата Сватова-Кремин – заклучува аналитичарот на ISW.