Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Ал Сауд во телефонски разговопр со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, побарал да влијае преку албанското претседавање во Советот за безбедност на ОН, за спасување на цивилното население во Газа.
-Во текот на разговорот, принцот Ал Сауд, од Албанија побарал, како членка на Советот за безбедност, да вложи напори за обезбедување на животите на цивилите и почитување на меѓународното хуманитарно право и повика Албанија да работи за да обезбеди ОН да ја исполни својата одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност, повикувајќи на итен прекин на воените операции и укинување на опсадата на Газа, јави abcnews.al.
Тој, исто така, побарал „Албанија да влијае да се воспостави фер и стабилно решение за палестинското прашање во согласност со меѓународните референци“.
-Повикот бил поздравен од министерот Хасани, кој го повторил ставот на Албанија, која ги осудува не само нападите на Хамас, туку и оние кои ја поддржуваат оваа организација. Во овој телефонски разговор Албанија не се обврзала да одговори на барањето на Саудиска Арабија, наведува телевизијата.