Саудиска Арабија, следна станица на Формула 1

Во сабота ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката за Големата награда на Саудиска Арабија е закажана за 19 март, недела, со почеток во 18:00 часот.

Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со втората трка во сезоната што ќе се одржи во Саудиска Арабија, јавува Агенција Анадолија (АА).

За Големата награда на Саудиска Арабија (Saudi Arabia Grand Prix) на патеката „Корниш“ (Corniche), која е долга 6,1 километар и се наоѓа во градот Џеда, возачите ќе треба да возат 50 круга.

Во сабота ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката за Големата награда на Саудиска Арабија е закажана за 19 март, недела, со почеток во 18:00 часот.

На првата трка од оваа сезона, која се одржа во Бахреин, победи холандскиот пилот на „Ред Бул“, Макс Верстапен.

Пред трката на патеката „Corniche“, пласманот на возачите и тимовите е следниов:

– Пласман на возачите:

1. Макс Верстапен (Холандија): 25 поени

2. Серџо Перез (Мексико): 18 поени

3. Фернандо Алонсо (Шпанија): 15 поени

4. Карлос Саинц (Шпанија): 12 поени

5. Луис Хамилтон (Велика Британија): 10 поени

– Пласман на тимовите:

1. Ред Бул: 43 поени

2. Астон Мартин: 23 поени

3. Мерцедес: 16 поени

4. Ферари: : 12 поени

5. Алфа Ромео: 4 поени