Познати паровите од четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони

По одржаната ждрепка познати се и потенцијалните парови што ќе играат во полуфиналето на најелитното фудбалско натпреварување во Европа

Во швајцарскиот град Нион денес се одржа ждрепката со која се одредени паровите од четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, јавува Анадолу.

По одржаната ждрепка познати се и потенцијалните парови што ќе играат во полуфиналето на најелитното фудбалско натпреварување во Европа.

Во четвртфиналето на Лигата на шампиони се среќаваат:

Реал Мадрид – Челси

Интер – Бенфика

Манчестер Сити – Баерн Минхен

Милан – Наполи

Паровите од полуфиналните натпревари изгледаат вака:

Милан – Наполи / Интер – Бенфика

Реал Мадрид – Челси / Манчестер Сити – Баерн

Четвртфиналните натпревари се играат на 11 и 12 април, а реванш-средбите се закажани за 7 дена подоцна.

Полуфиналите средби се играат на 9 и 10 мај, а возвратните натпревари седум дена подоцна.

Финалето на УЕФА Лигата на шампиони е закажано за 10 јуни и ќе се игра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.