Австралискиот пратеник и поранешен вицепремиер е снимен како лежи на пат и пцуе по телефон

Актуелниот австралиски пратеник и поранешен вицепремиер Барнаби Џојс се огласи откако се појавија снимки како тој лежи на тротоар во Канбера пцуејќи на својот мобилен телефон.

Во исто време, се зголемува притисокот врз Националната партија на Австралија да го санкционира својот член,

Гардијан Австралија тврди дека Џојс не присуствувал на партискиот состанок на кој се разговарало за инцидентот. Шефот на партијата Дејвид Литлпрауд се очекува да разговара со Џојс.

Во петокот, Daily Mail Australia објави снимка на која Џојс лежи на грб на тротоарот, зборува на телефон и пцуе. Џојс призна за мрежата Севен дека „направил голема грешка“ со мешање на алкохол со лекот што го земал на рецепт.

„Јас земам лекови на рецепт и тие ви велат дека одредени работи може да се случат ако пиете и тие се 100 проценти во право. Не барам симпатии и не барам изговор“, нагласи тој.

Премиерот Ентони Албанес во петокот рече дека пратеникот Џојс е во „очигледно тешки околности“. Во неделата тој побара објаснување за инцидентот.

„Мислам дека луѓето ќе помислат каква треба да биде реакцијата кога министер од мојата влада ќе се однесува вака. Мислам дека му треба само објаснување за тоа што се случи“, рече тој.