Моментот кога експлодира џиновскиот тобоган на базен во Гетеборг, Шведска

Во еден базен во Шведска дошло до силна експлозија на џиновскиот тобоган, кој се наоѓал во близина на паркот за играчки.

Аматерското видео го прикажува моментот кога тобоганот на базенот Waterworld во Гетеборг е зафатен од пожар по силната експлозија

Оваа експлозија ги поттикна властите да започнат со евакуација на жителите од околината, како и да го олеснат локализирањето на пожарот.

Нема информации за повредени, а портпаролот на компанијата што стопанисува со базенот соопшти дека во тој момент немало гости.

Засега не се познати причините кои довеле до силната експлозија, како и големиот пожар кој избувнал и ги алармирал властите на шведскиот град.