Саша Ковачевиќ примен во болница: Го откажа концертот поради болест

Ковачевиќ требаше да одржи концерт, но поради лошата здравствена состојба нема да може.
Поп-пејачот Саша Ковачевиќ е примен во болница поради лоша здравствена состојба, пишува Курир.


Саша дошол во здравствената установа многу малаксан. По проверката на крвната слика, лекарите заклучиле дека резултатите наводно не се добри.

  • Саша изгледаше лошо кога дојде. Веднаш му го отвориле досието и го испратиле на испитувања. Врз него се направени детални анализи. Крвната слика не е добра и лекарите размислуваат дали ќе го задржат во болница за време на викендот или пак ќе се пријави во понеделник – изјавил изворот на споменатиот медиум.

Го откажа концертот
Од тимот на Саша се огласија преку неговиот Инстаграм профил, кога објавија дека на пејачот му се слошило.

Пејачот го откажа концертот закажан за утре.

  • За жал, концертот беше откажан поради непредвидени околности и болест на пејачот. Ви благодариме на разбирањето – напиша ПР тимот на Ковачевиќ.