Саша Ковачевиќ се почасти со нов автомобил: За него платил дури 120.000 евра!

Саша Ковачевиќ неодамна одржа голем солистички концерт во Ниш, а на него пристигна со своето ново возило на четири тркала.

Според информациите, Саша се почастил со скап автомобил „порше“ за кој искеширал дури 120.000 евра.

Овој спортски автомобил со електричен погон била голема желба на поп ѕвездата, а пред две недели ја избра оваа луксузна машина во црвена боја.

Инаку, неодамна беше откажан настапот на Саша во Задар , поради што настана голема бура, бидејќи тој е само уште еден во серијалот што нема да настапи во Хрватска. Политичарите во споменатата земја со месеци од непознати причини носат срамни одлуки за забрана на изведувачите од Србија, иако е очигледно дека народот сака да ги слуша, бидејќи има побарувачка.