Сашо Мијалков доби признание од МПЦ-ОА

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и неговиот брат, Владимир Мијалков од МПЦ-ОА. беа одликувани со орденот „Свети Николај“, кој им беше доделен вчера од страна на Брегалничкиот митрополит Иларион.

Двајцата браќа се ктитори на црквата Свети великомаченик Димитриј во Ново Село Штип, која во текот на вчерашниот ден беше осветена. Двајцата браќа, поранешни функционери, а сега бизнисмени, финансиски ја помагале изградбата на црквата во нивниот крај од каде што потекнуваат.

Осветувањето го изврши, Архиепископот Стефан во сослужение на митрополитот Иларион и епископот Јаков, објави Религија.

Мијалков е на „црната листа“ на САД а ова му е прво појавување во јавност по излегувањето од струшкиот затвор. Тој беше суден за неколку дело за тешки злоупотреби на власта.