Сајкоски: ДУИ го прекрши принципот победник со победник, ВМРО-ДПМНЕ сама ќе го избере коалициониот партнер

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски, вели дека не верува оти измените во Кривичниот законик се за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Не верувам дека измените во Кривичниот законик се за враќање на Груевски, а времето ќе покаже. Можеби треба да го прашате за тоа, бидејќи не ги знам нивните планови, плановите на СДСМ-ДУИ. Никој од нашата партија немаше вмешан во овој закон, ниту во многу други закони кои се штетни за нашата држава“, рече Сајкоски во „КликПлус“.

Сајкоски вели дека немаат комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Принципот победник со победник го прекрши ДУИ, кога не се формираше коалиција, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ беше победник, но тие не го почитуваа тој принцип и беше наметнат од нивна страна. Се надевам дека ќе ја избереме следната коалиција“, додаде Сајкоски.