Сајмон Кауел успеал да изгуби повеќе од 20 килограми, го отстранил црвеното месо од исхраната

Познатиот ТВ водител Сајмон Кауел успеал да ослаби преку 20 килограми со тоа што отфрлил неколку видови храна, меѓу кои и црвеното месо.

Британскиот водител, познат по тоа што е еден од режисерите и членовите на актерската екипа на „Britain’s Got Talent“, „Pop Idol“ и „The X Factor“, неодамна ги изненади обожавателите со својата неверојатна физичка трансформација.

Како што пренесуваат странските медиуми, Кауел ослабел речиси 30 килограми откако го променил планот за исхрана. Имено, тој во 2017 година заврши во болница поради низок шеќер во крвта. Плашејќи се за своето здравје, Кауел решил да го промени начинот на исхрана и да се јави на лекар.

Шеесет и двегодишниот водител рече дека му било советувано да се откаже од црвеното месо, млечните производи, шеќерот и производите што содржат глутен.

Тој изјави и дека вовел секојдневни физички активности и дека сега редовно спие. Покрај тоа, тој рече дека јаде повеќе бело месо и зеленчук. Посебно нагласи дека треба да внимавате на изборот на храната, како и на нејзиниот вкус, бидејќи така полесно ќе се грижите да се храните здраво.