СВАДБАТА ЗА ЕДНА СЕКУНДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО КОШМАР! Фрчеа рафали, младоженецот и гостинот завршија зад решетки!
Кога еден гостин наводно почнал да флертува со една жена, напнатоста се зголемила и дошло до пукање.
Она што требаше да биде најсреќниот ден во животот на една двојка заврши во катастрофа откако младоженецот и гостинот на свадба во Индијана беа уапсени и дојде до пукање.
Кори Паркер, кој само што се ожени и го прославуваше својот брак неколку часа, беше уапсен на 18 мај во Салем пред салата каде се одржуваше венчавката и беше обвинет за насилничко однесување и криминална непромисленост извршена со смртоносно оружје.
Додека Паркер и неговата сопруга се официјално во брак од 2022 година, според судските записи, овој настан бил свадбена прослава.
За време на прославата, една жена повикала полиција и рекла дека младоженецот го застрелал нејзиното момче за време на расправијата со човек по име Џонатан Гоф.
Пукањето, наводно, произлегло од првичната расправија меѓу Гоф и неговата сопруга, откако тој бил обвинет дека флертувал со друга жена, објави агенцијата.
Сопругата на Гоф и невестата ја напуштија забавата и се вратија во хотелот. Кога Паркер рекол дека и тој заминува, тој и Гоф наводно се скарале, пишува Индипендент.
Паркер отишол до возилото каде што му бил пиштолот. Во следниот момент двајцата се степале за оружјето кое наеднаш пукнало. Куршумот го погодил Гоф во раката.
Паркер рече дека не сакал да пука во него.
На повредениот му била укажана помош, а двајцата биле уапсени.
Тие се очекува да се појават пред судот на 3 септември.