Свадба која чинела 54 милиони евра Е НАЈГОЛЕМИОТ БЕС НА БОГАТИТЕ ШТО ЌЕ ГО ВИДИТЕ ВО ОВОЈ ЖИВОТ

Медлин Броквеј (26), наследничка на финансиски успешен синџир за продажба на автомобили од Јужна Флорида, стана сензација на Интернет кога беше објавено видео од нејзината свадба вредна 59 милиони долари (54 милиони евра).

Снимките од венчавката, која се одржа на 18 ноември, беа главна тема на Тик Ток и на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер). Медлин и нејзиниот сопруг Џејкоб Лагрон ја организирале прославата, која, како што пишува „СКПоп“, најмногу ја платиле нејзините богати родители.

Таткото Боб Броквеј, извршен директор на Automotive Group и мајката Пола Броквеј, потпретседател на Coral Bagles, филијала на Mercedes Benz во Флорида, се најдоа на насловните страници во август за продажба на два имоти вредни 150 милиони и 700 милиони долари.

Медлин Броквеј, по потекло од Мајами, по средното училиште се преселила во Тексас, каде што го запознала својот иден сопруг.

На мултимилионската венчавка, која чинеше 59 милиони долари, гостите ги забавуваа бендот Maroon 5 и фронтменот Адам Лавин. Церемонијата вклучуваше ручек во Диор, изнајмување на оперската куќа – Опера Гарние во Париз, приватни авиони, па дури и Версајската палата.

Пред свадбата, Медлин организираше моминска забава која траеше четири дена и секој ден имаше различна тема. Темите беа „Убаво во розово“, „Вонземјани меѓу нас“ и „Златен час“.

Група девојки заедно со Медлин отпатуваа во Париз и организираа ручек во прекрасниот апартман Chanel Haute Couture.

Еден дел од гостите преноќиле во Версајската палата.

Снимката од свадбата вредна 59 милиони долари има милиони прегледи.