Американската комисија за хартии од вредност го тужеше Илон Маск

Американската Комисија за хартии од вредност (SEC) го тужеше американскиот милијардер и претприемач Илон Маск, со намера да го натера да сведочи за минатогодишното преземање на компанијата „Икс“ (Твитер).

Според Си-Ен-Би-Си, адвокатите кои ја застапуваат Американската Комисија за хартии од вредност во правното поднесување изјавиле дека Маск не одговорил на поканата за сведочење од 15 септември.

„Постојаното одбивање на Маск да одговори на административниот налог на Комисијата за хартии од вредност ја попречува и одложува истрагата која треба да утврди дали имало прекршување на федералните закони за хартии од вредност при преземањето на компанијата „Икс“ (Твитер)“, тврдат адвокатите на Американската Комисија за хартии од вредност.