Сведоштво на пациентка: Вакцината за канцер на матка е ветувачка

Научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Сиетл повеќе од две децении работат на развој на вакцина за канцер на дојка и конечно успеаја во создавање силен одговор на имуниот систем против растот на клетките на туморот.

Вакцина за канцер на дојка која ја развива Универзитетот во Сиетл, Вашингон дава ветувачки резултати. Преку неа се бележи прв вид на превенција на раст на ХЕР2 клетките на тумор кои водат кон бројни смртни случаи ширум светот. Резултатите од првата фаза на човечките тестирања се многу позитивни.

Научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Сиетл повеќе од две децении работат на развој на вакцина за канцер на дојка и конечно успеаја во создавање силен одговор на имуниот систем против растот на клетките на туморот.

Половина од пациентите позитивни на ХЕР2 канцерот на дојка вообичаено не живеаат подолго од пет години откако ќе бидат заболени. Сепак, за време на десетгодишното истражување 80% од вакцинираните пациенти успеале да преживеат.

По овој успех, тимот сега спроведува втора фаза испитувања што може да доведат до лек за канцер на дојката. Овие резултати поттикнаа надежи дека вакцината може да доведе до лек и за други видови канцерогени клетки.

Сведоштво од прва рака

Стефани Ганги, 66 годишна авторка од САД, приказната за нејзината борба со канцерот и примената вакцина ја сподели со Телеграф.

„Постои отпор кај мене дека може да ја предизвикам судбината со некакви дефинитивни прогласи, но имам надеж и се чуствувам одлично“, вели Ганги.

Таа била третирана за канцер на дојка за првпат во 1999 година. Канцерот повторно се вратил 15 години подоцна и се проширил на нејзиниот граден кош. До 2021 година голем дел од туморот се појавил и на нејзината надбубрежна жлезда.

Но, неодамна Ганги поминала низ како што вели „убав и досаден“ преглед на кој повеќе не се појавиле знаци на канцер. Огромниот тумор исчезнал, и таа е излечена благодарение на експерименталната вакцина.

„За првпат гледаме ваков вид на неверојатна реакција“, за Телеграф вели Самик Упадхаја, помошник директор за научни прашања во Институтот за истражување на рак во САД.

„Постои голема веројатност дека вакцината ќе се користи на клиниките до 2030 година и дека има потенцијал да прерасне во револуционерно откритие во светот на модерната медицина“, вели д-р Мери Л. Дисис вонреден декан на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Сител.

„Бидејќи ова клиничко испитување не беше направено по случаен избор, резултатите треба да се сметаат како прелименарни, но наодите се доволно ветувачки дека вакцината сега може да биде оценета на големо клиничко испитување со случаен избор на пациенти“, додава таа.

TRT Balkan