Ал Суфух , еден од најпрестижните делови на Дубаи, ќе стане побогат со луксузните апартмани на компанијата DAMAC Properties , за кои главна инспирација послужиле цветот од лотос и водата .
Оние кои можат да потрошат околу 642.000 евра за станови со големина од 75 квадратни метри, ќе можат да го изберат својот дом од соништата, од чиј балкон имаат поглед на вештачкиот остров Палм Џумеира и иконскиот хотел, еден од најпознатите скапо во светот – Бурџ Ал Араб .
Резиденциите кои повеќе личат на скапи одморалишта отколку на приватни станови ќе имаат мали оази со зеленило и базен , како и приватен лифт. Супермодерна теретана и спа центар , градина со палми и услуги за консиерж се само некои од причините поради кои новиот проект се прогласува за „светилник на луксузот“ во Дубаи.
Жителите исто така ќе можат да уживаат во еден од првите стимулатори за нуркање во Дубаи кој ќе понуди различни искуства за виртуелна реалност, од Црвеното Море до Индискиот Океан, па дури и вселената.