Свештеник зел трактор и го изорал теренот поради лошите резултати на неговиот клуб! Вакво нешто уште не сте виделе (фото)

Се потсетуваме на една урнебесна приказна од југот на Србија, поточно лесковачката населба Доње Синковце.

Во главната улога е свештеник и страстен фудбалски навивач, а повремено и играч на натпреварите на неговиот локален клуб.

Незадоволен од арбитражата и резултатот на својот клуб (загубија 2:3), по натпреварот земал трактор и го изорал теренот!?

Локален свештеник, кој повремено играл фудбал, бил исклучен од игра поради неспортско однесување, пишува Ало.

Да биде уште полудо – не е првпат

Се сеќаваме и на случајот од пред неколку години, кога во селото Пуковац, на периферијата на територијата на градот Ниш, незадоволен поп изора половина од фудбалското игралиште.

Во тоа време, наводно, половина од фудбалското игралиште било во сопственост на селото, а другата половина на црквата.