Скринингот што го побараа СДСМ, по пожарот во Трубарево, уште еднаш потврди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ лажела дека воздухот не е загаден. Анализите потврдија – 18 граѓани биле изложени на штетни супстанции со реални здравствени последици, токму од високото ниво на загадување на воздухот. Ова е катастрофа на јавното здравје, обвинуваат од СДСМ.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и дозволи луѓето да се трујат. Колку повеќе луѓе треба да се разболат за владата да признае дека грешела? Оваа влада е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Лажат дека воздухот само изгледал загаден, а не бил алармантен. Официјалните податоци што беа објавени само шест дена по пожарот покажуваат речиси дванаесеткратно вишок на кадмиум (59,1 ng/m³ во споредба со дозволените 5), зголемени вредности на арсен и олово.“
Наместо да реагира навреме, да спречи и да се грижи за здравјето на граѓаните, владата избра да лаже и да минимизира, да се обиде да ја прикрие штетата со ПР прикази, со некои хибридни напади.
Вистината излезе на виделина – има болни луѓе, има жртви на небрежноста и неактивноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ со недели предупредува дека е потребна итна акција, прегледи и евакуација. ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ги заштити граѓаните, туку ги стави во опасност, го загрози нивното здравје. И за ова мора да има одговорност“, велат од СДСМ.
Оттаму бараат итна политичка и институционална одговорност од сите оние на власт кои не дејствувале навремено, како што се министерот за здравство, министерот за внатрешни работи и директорот на ЦУК.