ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго туку криминална партија која делува на штета на граѓаните и државата. Последен доказ за ова е случајот на Европската канцеларија за борба против измами, која констатира неправилности и сега препорачува државата да ги врати парите, изјави Трајан Димковски – претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во СДСМ.
Како што информира Димковски, станува збор за проект од 2015 година вреден 660.000 евра за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Во тој период министер во ресорното министерство беше Михаил Цветков, додека премиер на таа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше Никола Груевски. Во таа влада советник за енергетика беше актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски“, обвинуваат од СДСМ.
СДСМ го повика Обвинителството за гонење организиран криминал да постапи по овој случај и низ законската, судска постапка да ги санкционира сите за кои ќе се докаже дека се виновни и потоа да ги врати парите.