Се проверува дали на македонскиот пазар влегле канцерогени чипови од Србија

Се вршат проверки дали на македонскиот пазар има чипови од Србија на кои е откриено високо ниво на акриламид, изјави за АИМ директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Според Бабовски, доколку се докаже дека го имаме, производот ќе биде отповикан.

Во меѓувреме, активно се следи кога системот за брзо предупредување RASFF на ниво на ЕУ ќе утврди дали чиповите се забранети.

„Во системот за брзо предупредување RASFF на ниво на ЕУ се уште не е забележано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а веќе проверуваме дали влегол во нашата земја или не“, рече Бабовски.

Пратка со чипс со вкус на пиперка, произведена во Србија, беше запрена на хрватската граница и беше откриено дека содржи високо ниво на акриламид. Ова го соопшти Европската комисија на својата официјална веб-страница.