СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ предложи слаби кадри за техничката Влада, немаат понуда ниту за кадри ниту за програмата
ВМРО – ДПМНЕ нема програмска понуда, а потврди дека нема ни кадровски потенцијал, обвинуваат денеска од СДСМ.
„За МВР, ВМРО-ДПМНЕ го понудила Панче Тошковски, кој е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник. Во отсуство на стручен кадар кој ја познава работата на МВР, несомнено единствениот критериум се личните односи.
Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје, а потоа и разрешен.
Стефан Андоновски е и советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје покажува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.
Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место се вработила во УЈП и нејзината сестра.
Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник. Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум за неговиот избор.
Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ, кој како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.
Заедничко за сите нив, е што зад себе немаат никакви резултати.