ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја даде државата на ДУИ за да остане на власт

За да владее, СДСМ и ја даде државата на ДУИ и за да ги задржат фотелјите што ги плаќаат дебело цена за нивните газди во ДУИ. Цената и денеска ја гледаме изразена кај Талат Џафери, премиер“, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од друга страна, нивните надежи се дека ДУИ на СДС ќе ги собере албанските партии во коалиција и Косово ќе го диктира овој процес за СДС да го ублажи својот дебакл. Тоа не функционира така. Очигледно е што правите.

Едноставно, СДС ја даде државата на ДУИ да владее, Талат Џафери од ДУИ стана премиер поради слабата на СДС.

Талат Џафери е човекот кој е познат по кршење на Уставот, законите, Деловникот на Собранието“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Талат Џафери, додаваат оттаму, е човекот од кој не може да се очекува ништо поразлично од досегашното, бидејќи континуирано ги кршел правните норми на државата.