СДСМ дава силна поддршка на Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието и во однос на развојот на преговорите за полноправно членство во ЕУ.
„Овој Манифест е во согласност со политиките на СДСМ, тој е добра основа за градење единство за иднината на државата, а со него Собранието ја дефинира рамката на позициите што треба да ги следат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ.
Токму преку овој манифест сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе се обидат да ги завршат преговорите за членство во најкус можен рок, заштитувајќи ги целосно идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните.
Во Манифестот јасно е наведено дека политичките партии во Собранието, независно од составот на парламентарното мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го развиваат преговарачкиот процес на целосно отворен и транспарентен начин, така што широкото мислење е може да го каже своето мислење за условите за членство во Европската Унија“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека сега треба да се обединат сите политички лидери, со потпишување на заеднички Манифест со кој сите ќе се заложат за ефикасен развој на преговорите за членство во ЕУ.