СДСМ: Мицкоски е опкружен со луѓе поврзани со криминал

Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот близок соработник Антонио Милошоски пред неколку месеци седнаа на иста маса, заедно со М.А од Герчеци, кој беше фатен со 32 килограми дрога, се вели во соопштението на СДСМ.

„Професорот на музичкото училиште и претседател на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на Пештан неодамна е фатен со кокаин. Наставник во училиште во Ново Лисица, претставник на ВМРО-ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром е уапсен поради дрога.

Телохранителот на Мицкоски физички нападнал полицаец за да спречи наркотици во популарна скопска кафеана.

Дали структурите на ВМРО-ДПМНЕ ја кочат борбата против наркодилерите во ВМРО-ДПМНЕ сега кога го имаат за министер“, потенцираат од СДСМ.