Христијан Мицковски потврди дека е против ЕУ и сака да ја блокира европската иднина на државата.
Мицкоски сака да ги влече државата и народот уште 11 години надвор од ЕУ, во изолација.
Целиот регион треба да напредува и Македонија да биде надвор од ЕУ, сама и изолирана.
Членството во ЕУ не е политичка игра. Се работи за иднината на државата, за исполнување на стратешка цел и врвен национален интерес.
Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да се потчини на ваквото неодговорно и недржавно однесување на Мицкоски.
Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина, државата да бидат блокирани од ДПМНЕ.
Ќе се бориме за европска иднина и ќе победиме затоа што мнозинството македонски граѓани стојат зад членството во ЕУ.