СДСМ: Мицкоски со часовници од 60.000 евра не може да разбере што е синдикална корпа за достоинствен живот
Минималната синдикална кошничка што ја пресметуваат Синдикатите е пресметана сума на пари што го отсликува минимумот за достоинствен живот на четиричлено семејство, велат од СДСМ.
„Премиерот со својот луксузен часовник од 60.000 евра и луксузната гардероба од неколку илјади евра не може да го разбере ова.
Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна, леб, месо, млеко, сметки и основни потреби.
Во семејствата во Македонија каде што двајцата родители имаат минимална плата, потребна е напорна работа само за покривање на основните месечни трошоци, а парите не се доволни.
Бидејќи цените продолжуваат да растат, владата не прави ништо за да им помогне. Овие семејства го немаат луксузот да купат часовник од 60.000 евра како оној на Мицкоски, едвај успеваат да преживеат“, обвинуваат од СДСМ.
Велат дека Владата има обврска да им обезбеди услови за достоинствен живот, а не да ги убедува дека не треба да бараат повисоки плати