Нова афера со сомнителни јавни набавки со цени над реалните ги тресе градоначалниците на ДПМНЕ .
Според јавно достапни податоци, општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку.
Станува збор за разлика од 47.000 евра!
Иста таква машина набавила и општина Велес по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра.
Прашањето е во чии џебови завршила разликата?
Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола.
Ако е ова шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има одговорност.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста