СДСМ: Процесот за уставни измени е отворен, ќе се обезбеди потребното мнозинство

Проевропскиот блок предводен од СДСМ ќе направи се за да се надмине блокадата на европскиот пат воспоставена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.

„Процесот на уставни измени во Собранието на Македонија штотуку започна. Моментално го поддржуваат повеќе од 70 пратеници, ќе продолжиме да работиме да го обезбедиме потребното мнозинство“, соопштија утрово од владејачката СДСМ.

Од таму велат „иднината на РСМ е во ЕУ, тоа го посакуваат 80 проценти од македонските граѓани, како и четвртина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поддршката за европскиот пат на земјата ја изразија многу високи европски претставници, меѓу кои најнова е претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лејен, која синоќа изјави дека Северна Македонија припаѓа на ЕУ и повика нив на сите политички субјекти наместо да го поддржуваат европскиот пат.

Како што обезбеди членство во НАТО, како што обезбеди почеток на преговорите со ЕУ, СДСМ заедно со европскиот блок ќе обезбеди членство во ЕУ, со заштитен и потврден македонски идентитет и покрај блокадите од ВМРО-ДПМНЕ , велат од СДСМ.